Како изгледа една обична вечер на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам?
- Детали
- вторник, 18 јуни 2019
Овие денови е навистина бурно во кралскиот дворец. Од гласините за аферата на Вилијам, до кавгата помеѓу него и Хари и секојдневните кралски должности, веројатно претпоставувате дека Кејт и Вилијам ретко наоѓаат миг за мир и опуштање. Но, кога кажале што прават кога се дома, одговорот ги изненадил сите.
Имено, кај војводата и војвотката од Кембриџ не станува збор за никакви скапи излегувања и вечери. Тие всушност порачуваат храна и гледаат Нетфликс.
„За Кејт нема ништо поубаво од тоа да порача индиска храна и да јаде на каучот додека гледа некоја серија на Нетфликс со Вилијам“, изјавил еден од изворите.
Сигурно и вам ве изненадува што сите имаме толку многу сличности со парот кој сепак живее многу поразличен, гламурозен живот.
Веројатно се прашувате и што гледаат Вилијам и Кејт на Нетфликс. Според изворот, на секои неколку недели познатиот пар одвојувал вечер за да изгледа неколку епизоди од серијата „Игра на тронови“. Неодамна заедно ја изгледале и серијата „Bodyguard“.
Според ова, можеме да кажеме дека сите одбираме серии со кои можеме да се поврземе, а сигурно се чувствувате убаво кога ќе го замислите кралското семејство седнато пред телевизор со кутија храна, како ужива во новата епизода од омилената серија.
Спирова С. | Црнобело