Како гласините за неверството на Вилијам им го подобрија бракот на Кејт Мидлтон и Вилијам?
- Детали
- сабота, 15 јуни 2019
Тие сериозно разговараат за својот брак и ја преиспитуваат својата врска, но Кејт ужасно мрази една работа околу гласините за неверството.
Гласините за неверството на принцот Вилијам со Роуз Хенбери го размрдаа малку неговиот брак со Кејт Мидлтон.
Но, изненадувачки влијанието е позитивно, тврди извор близок до парот.
И покрај гласините, парот е силен и планира да преземе легална акција против таблоидот кој објави за наводното неверство. Гласините беа болни за Кејт и таа ја мрази помислата што еден ден нејзините деца ќе читаат стари статии во кои се пишува за скандалот.
Сепак, добро е што ова го поттикнало парот да ја преиспита својата врска. Тие сфатиле дека треба да го прават тоа почесто.
Сега, одвојуваат повеќе време за да се фокусираат на бракот. Долго време се заедно и имале кризни мигови, но се сакаат еден со друг и децата им се најважната работа во животот.
И покрај написи во медиумите, парот се појавува на кралските настани и со насмевка на лицата си ги завршуваат своите обврски.
Тие се запознале во 2001 година на факултет, а во брак се од април 2011 година. Инаку, гласини за неверства на Вилијам имаше уште додека парот беше во врска.
Од ситуацијата наводно засегната е и Роуз, за која се пишуваше дека е љубовница на Вилијам, а таа е мажена и има 2 деца.
Дали ова е вистина или само обид на кралското семејство да ја сокрие аферата, останува мистерија.
Прочитајте и 20 години постар сопруг, со бикини до Тони Блер: Факти за љубовницата на принцот Вилијам!
С. С. | Црнобело