Двојниците на Бијонсе, Џиџи, Аријана… која е вистинската, а која „лажната“?
Британи Вилијамс или Бијонсе?
Британи е најавтентичниот двојник на големата ѕвезда. Дури и имињата им почнуваат на истата буква. Таа понекогаш се облекува идентично како Бијонсе, особено за Ноќта на вештерките.
Но, сличностите во бојата на косата, испакнатоста на вилицата и телото не завршуваат тука. Британи појаснува дека и двете имаат јужњачки корени и дека нивните родители изгледаат како да се роднини.
Таа пее, танцува, пишува поезија… надарени се на истиот начин со Бијонсе, и двете бестрашни и силни, доминантни жени.
Ајза Ајзерман или Џиџи Хадид?
Ајза е „плус сајз“ двојничката на Џиџи. Барем така ја нарекуваат оваа девојка која потекнува од Холандија. Првпат слушнала дела потсетува на познатиот топ модел на Инстаграм.
Кога го потпишала договорот со агенцијата MiLK, тие објавиле фотка со насловот „Новата Џиџи Хадид со облини“.
„Тоа беше моментот кога сфатив дека наликуваме една на друга“. Ајза е сепак убедена дека повеќе наликува на нејзината сестра Бела.
Пола Лакроа или Жизел Бундшен?
16-годишната Лакроа е крунисана како Бундшен џуниор на друштвените мрежи. И Пола како и Жизел потекнува од Бразил и ја има истата руса коса, силно изразени црти и мускулесто, атлетско тело.
„Да ве споредуваат со Жизел претставува неверојатна чест. Секако, таа ме инспирира со нејзината истрајност и самодоверба. Но, сепак јас сакам да се движам по моја патека“, изјавила Лакроа.
(О)Милена | Црнобело