Двојниците на Бијонсе, Џиџи, Аријана… која е вистинската, а која „лажната“?

Се верува дека за секој од нас постои барем еден двојник во светот. Но, особено интересно е кога ова се случува во светот на славните.

Dvojnicite-na-Bijonse-Dzidzi-Arijana-01.jpg

Нивната сличност е толку неверојатна, што сопругот на Софи Тарнер, Џо Џонас ѝ се приближил на Лора Батлер за време на снимањето на Game of Thrones со цел да ја бакне, мислејќи дека таа е неговата сопруга.

Погледнете како изгледаат двојниците на најславните дами во светот и кои се нивните приказни:

Џејми Аликс Сингер или Аријана Гранде?

На 24-годишната инфлуенсерка која воедно ја дели истата професија со Аријана Гранде, односно е пејачка, ѝ било кажано дека премногу личи на популарната ѕвезда.

„Прв пат ми рекоа дека личам на неа во средно училиште. Многу луѓе ме застануваа велејќи ми дека потсетувам на глумицата од Victorious“ (за потсетување, Аријана глумеше во оваа детска ТВ серија). Додека студирав мојот прекар беше Аријана Гранде. Го слушам ова речиси секој ден“.

Dvojnicite-na-Bijonse-Dzidzi-Arijana (1).jpg

Лора Батлер или Софи Тарнер?

Лора била фото двојникот на Софи за време на снимањето на Game of Thrones. 23-годишната девојка открила интересна случка кога сопругот на Софи, Џо Џонас ја помешал Лора со својата жена.

Тој ѝ се приближил со цел да ја бакне, а му биле потребни неколку секунди да сфати дека Лора не е Софи.

Dvojnicite-na-Bijonse-Dzidzi-Arijana (7).jpg

Даниел Базерџи или Меган Маркл?

Кога имала само 16 години, Даниел сфатила дека личи на Меган Маркл. Таа денес има 22 години, работи како личен тренер и имала можност да ги запознае Меган и Хари за време на нивната кралска тура.

„Запознавањето со кралското семејство беше неверојатно, двајцата се скромни, имаат одлична смисла за хумор и се многу приземјени“, изјавила Даниел за Daily Mail Australia.

Она што е интересно е дека Хари од сите луѓе во топлата прво ѝ се приближил токму на Даниел со цел да се фотографира со неа, веројатно затоа што премногу наликува на неговата сопруга.

Dvojnicite-na-Bijonse-Dzidzi-Arijana (3).jpg

Лора Кедман или Тејлор Свифт?

Во 2017 година, интернетот ја откри двојничката на Тејлор Свифт по име Лора Кедман која тогаш имаше 20 години. Самата Лора е обожавател на Тејлор и често може да се забележи на нејзините концерти.

Таа не се обидува да личи на неа, едноставно е природна русокоса, која е висока и слабичка исто како ѕвездата. Остатокот од копирањето на „изгледот на Тејлор“ се состои од црвен кармин и црн туш на очите, за кои самата Лора вели дека најдобро ѝ прилегаат.

Dvojnicite-na-Bijonse-Dzidzi-Arijana (8).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg