Ѕвезди чии бивши се пријателки со сегашните девојки и сопруги
- Детали
- недела, 16 јуни 2019
Кругот на луѓе и имиња во светот на шоу бизнисот е тој, па не е реткост еден маж да застане помеѓу две пријателки или барем познанички.
Но, овие жени успеале да одржат добар, коректен однос, иако едната му е бивша, а другата сегашна партнерка.
Канје Вест
Амбер Роуз и Ким Кардашијан имаа мали немири, но на крајот ги закопаа секирите. Ким наводно се извинила за навредите, а Амбер прифатила. Оттогаш, се имаат видено пријателски неколкупати.
Иан Сомерхолдер
За време на снимањето на The Vampire Diaries, Иан и Нина Добрев беа во врска. Но, во 2015-та се ожени со Ники Рид. Сепак, тоа не ја спречи Нина да остане пријателка со бившиот, но и да ги затопли односите со неговата нова партнерка.
„Ти се среќни и јас сум среќна. Не разбирам зошто ова треба да е проблем. Драмата во медиумите не е наша грижа,“ изјави Нина во едно интевју.
Орландо Блум
Пред да се вери со Кети Пери, беше во брак со Миранда Кер, со која има едно заедничко дете. Миранда неодамна зборуваше позитивно за поврзаноста на Кети Пери со Флин, синот од нивниот брак со Орландо.
„Врската помеѓу Кети и Флин е одлична. Ние сме модерно семејство. Сега Орландо ми е како брат. Ова е чудно, но се грижиме еден за друг и имаме одлична релација, па мора да кажам дека сум среќна,“ сподели моделот.
Крис Мартин
Гвинет Палтроу и Крис Мартин се разведоа по брак од 10 години, а Дакота е првата сериозна партнерка на Крис по разводот.
Но, бившата сопруга и сегашната девојка минуваат многу време заедно, дури и без Крис.
Брус Вилис
Во 2009-та година актерот се омажи со моделот Ема Хеминг, а на венчавката беше поканета и неговата бивша сопруга Деми Мур, со која беше во брак повеќе од 10 години.
По разводот, парот останал во контакт, па дури и во пријателски однос.
„Ја почитувам Деми. Се воодушевувам како таа и Брус минале низ разводот, мислејќи ги на децата прво. Научив многу од неа,“ изјави новата сопруга Ема за бившата сопруга Деми Мур.
М. Д. | Црнобело