Зошто пријателите на Вилијам не ја сакале Кејт Мидлтон + нејзиниот најнов моден погодок
- Детали
- петок, 07 јуни 2019
Тие го советувале Вилијам дека може да најде некоја подобра од неа, но Кејт од ден на ден докажува дека е совршена идна кралица.
Веќе добро е познато дека љубовната врска на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не била отсекогаш мед и млеко.
Парот раскинал во 2007 година, а се свршил дури во 2010 година.
Сега, се открива дека дел од тензијата помеѓу нив ја предизвикувале пријателите на Вилијам кои сметале дека Кејт не е „една од нив“. Тие ја исмевале и го советувале Вилијам дека може да пронајде посоодветна невеста.
Кејт била од средната класа и не била доволно добра за него, се открива во книгата „William and Catherine“. За него посакувале партнерка од аристократските кругови или од некое од европските кралски семејства.
Но, за среќа Вилијам не ги послушал нивните совети и денес парот има 3 дечиња, а Кејт Мидлтон е еден од најугледните и најсакани членови на кралското семејство.
На неодамнешно појавување во Лондон, Кејт повторно направи беспрекорен моден избор:
С. С. | Црнобело