Џорџина објави фотки од вториот роденден на близнаците, на кој Роналдо не присуствуваше
- Детали
- четврток, 06 јуни 2019
Џорџина им организираше роденденска забава на близнаците, но Роналдо, веројатно заради обврски, не стигнал да дојде на прославата.
Близнаците на Роналдо, Ева и Матео, вчера наполнија 2 години и фудбалерот објави фотка од нив на која им го честита роденденот, а на објавата напиша:
„Жал ми е што не можам да бидам таму со вас на овој посебен ден, но мама е со вас. секогаш бидете среќни. Ве сакам многу!“
Денес, Џорџина објави фотки од роденденската прослава која им ја организирала на близнаците, а сите дечиња изгледаат пресреќно.
Тие го прославија роденденот во Мадрид, а на фотките може да се забележи огромна слатка маса, со две големи роденденски торти, многу балони и нивните имиња испишани насекаде.
За жал, веројатно заради обврски, Роналдо не успеал да биде дел од прославата, која изгледаше вака:
M. M. | Црнобело