5 работи кои беа различни при породувањето на Меган, во споредба со Кејт
- Детали
- среда, 08 мај 2019
Во понеделникот, кралското семејство се прошири за уште еден член со породувањето на Меган Маркл.
Но, како и за сите останати работи, така и за породувањето на Меган имаше отстапки за разлика од останатите породувања во семејството.
Војвотката од Сасекс во многу работи се разликува од војвотката од Кембриџ, па така има разлики и во начинот на породување, изјавите и соопштенијата во јавноста.
Кејт Мидлтон роди три кралски деца, а породувањето и случувањата потоа се разликуваат на неколку начини од она на Меган.
За што станува збор и како се разликува бременоста и породувањето на Меган од оние на Кејт?
1. „Baby shower“
Кејт Мидлтон немаше забава за детето пред породувањето, колку што е познато за јавноста, а беше зафатена со кралски обврски.
Меган Маркл имаше „baby shower“ забава во Њујорк организирана од Серена Вилијамс и Амал Клуни во хотелски апартман за 75.000 долари од вечер.
2. Место на породување
Кејт Мидлтон ги роди сите три деца во St. Mary болницата во Лондон, каде што и принцезата Дијана се породила со принцот Вилијам, а војвотката ја продолжи традицијата на Дијана и позираше кратко по породувањето.
Меган Маркл наводно се породи дома исто како што кралица Елизабета ги родила нејзините деца дома. Нема официјална информација каде точно се породила, но се претпоставува дека е или во нивниот дом во Фрогмор или во Виндзор. Други гласини велат дека се породила во луксузна соба во болницата Portland, што повторно е различно од она на Кејт.
3. Официјално соопштение за породувањето
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го објавија раѓањето на принцот Луи преку социјалните мрежи на официјалните профили на Кензингтонската палата.
Меган Маркл и принцот Хари ги споделија вестите за раѓањето на нивното прво дете преку нивниот сопствен официјален профил на Инстаграм.
4. Појавување во јавност по породување
Кејт Мидлтон го покажа принцот Луи во јавност 6 часа по неговото раѓање, кога заедно со принцот Вилијам се појавија на скалите пред болницата за прва фотосесија.
Меган Маркл и принцот Хари одлучија да почекаат неколку дена пред да го покажат кралското бебе пред светот и сакаат приватност пред првата фотосесија.
5. „Должноста“ на татковците по породувањето на војвотките
Принцот Вилијам брзаше да ги однесе принцот Џорџ и принцезата Шарлот да го запознаат нивното братче и не даде изјава по раѓањето на принцот Луи.
Принцот Хари одржа кратка прес конференција по породувањето на Меган со нивното прво дете и зборуваше за тоа колку е возбуден што е татко.
М. М. | Црнобело