Меган Маркл се породила во болничка соба која чини 23.000 евра и се служи шампањ и јастог
- Детали
- вторник, 07 мај 2019
Вчера конечно пристигнаа вестите за породувањето на Меган Маркл, по неколку-неделно држење во тајност на сите нејзини движења.
Приновата пристигнала во понеделникот рано наутро, поточно во 5:26 часот на 6-ти мај, кога Меган родила машко бебе тешко над 3 килограми.
И додека сите шпекулираат како Меган и Хари успеаја толку тајно да го изведат пристигнувањето на бебето, други велат дека Меган уживала во луксузот на Portland болницата во Лондон додека се породувала.
Меган се породила со 1 недела задоцнување по крајниот термин, и тоа во болничка соба која чини нешто повеќе од 23.000 евра.
Во Portland болницата се породувале и Викторија Бекам, Кејт Винслет, Ема Томпсон и уште голем број на славни мајки.
Таму се служи шампањ, се руча јастог, а може да одберете кој доктор сакате да ве породува и дали сакате природно породување или царски рез.
М. Д. | Црнобело