Сè за кралското бебе: Амал и Серена ѝ организираа baby shower на Меган во најскапата хотелска соба во САД (фото)
- Детали
- четврток, 21 февруари 2019
По забавата која Серена Вилијамс и Амал Клуни ја организираа за првото кралско бебе на Меган Маркл во најлуксузната хотелска соба во САД, која чини 75.000 долари за една вечер, војвотката се врати во своето кралство.
Вчера пријателките на Меган Маркл ѝ организираа забава по повод доаѓањето на нејзиното бебе, а гостите беа забележани како се упатуваат кон The Mark хотелот.
Розови декорации, цвеќиња, подароци и уште многу други работи се носеле на местото на забавата – пентхаусот од 75.000 долари на вечер, односно најскапата хотелска соба во САД.
Пентхаусот се состои од 5 спални соби, 6 бањи, 5 камини, огромни тераси со поглед и секоја просторија има луксузен ентериер.
Наводно, забавата на Меган чинела околу 350.000 долари, но кога станува збор за кралско бебе, очигледно воопшто не се штеди.
Амал Клуни облечена во црвен комбинезон остави најголем впечаток помеѓу гостите, меѓукои беа и Серена, Абигејл Спенсер, Миша, Маркус и уште неколку стари пријатели на Меган.
По неколкудневното патување во Њујорк и дружбата со старите пријатели кои сигурно ѝ недостасувале, Меган е забележана како го напушта хотелот облечена во спортски аутфит, а најверојатно се упатува кон аеродромот и се враќа во „своето кралство“