Од Инстаграм селфи до насловни страни: Најголемите Фотошоп скандали за 2018-та
- Детали
- среда, 19 декември 2018
Доработување на фотографиите за да изгледаат попривлечно или за да се отстрани нешто што е вишок и слично е нешто што сè почесто се случува.
Речиси сите се обидуваат на некој начин да ги разубават своите фотки ако се повешти, а со славните личности постојано користат апликации и програми за да се покажат во најдобро светло.
Но, ако не се доволно внимателни, се случуваат и грешки, кои оние со остро око секогаш ги уловуваат, а ваквите грешки се случај дури и на насловни страници на познати светски магазини.
Па така, оваа година, независно дали стануваше збор за обично селфи, насловна на магазин или фотографија од институција, бевме сведоци на неколку Фотошоп скандали, кога славните и професионалците малку претерале со едитирањето.
Потсетете се на дел од нив:
1. Во септември, француско уметничко училиште беше фатено како фотошопира студенти со цел да покаже различност во популацијата.
2. Фотографиите од Леонардо ди Каприо и Бред Пит кои беа објавени за промовирање на филм, беа поставени така што секој можеше да ја види историјата на промени ако ги отвори во Photoshop.
3. Во реклама за Calvin Klein, раката на Кортни речиси да ја нема, а брендот тврдеше дека се работи за лошо светло, а не за фотошопирање...
4. Насловната на Vanity Fair, каде Рис Витерспун доби трета нога, а Опра трета рака.
5. Фотката на паркинг која Ким ја објави на Инстаграм, но претерала со стеснувањето, па автомобилот во позадина изгледа како да е вонземјански.
6. Јутуберот Џејк Пол објави фотка за да промовира боксерски меч, но луѓето забележаа дека „развиеното“ рамо му е проѕирно...
М. М. | Црнобело