Има дислексија, глумела со најголемите холивудски ѕвезди: Факти за евровизиската водителка Малин Акерман
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Ако не знаете од каде ви е позната русокосата водителка на Евросонг, Малин Акерман, размислете повторно - сигурно сте ја гледале во некоја романтична холивудска комедија или во филм покрај Николас Кејџ, Сандра Булок или Ентони Хопкинс.
Во Малме, Шведска вчера (11.05) се одржа финалето на 68. издание на Евросонг, а освен изведувачите и специјалните гости, големо внимание привлекоа и водителките Малин Акерман и Петра Меде.
А ако ви делуваа познато, тоа е затоа што Петра третпат во својата кариера ја води Евровизија, а Малин сигурно сте ја гледале барем во еден холивудски филм или во хит серијата Billionaire.
Која е русокосата водителка која ја шармираше публиката на Евросонг?
Малин е родена во Стокхолм на 12 мај 1978 година.
Нејзината мајка е модел и инструкторка по аеробик, а татко ѝ работел како брокер.
Кога Малин имала само 2 години, со семејството се преселила во Канада, поради работата на татко ѝ.
Таа имала 6 години кога родителите ѝ се развеле, а татко ѝ се вратил да живее во Шведска.
Мајка ѝ брзо потоа се премажила, но и се развела, поради што Малин често го менувала местото на живеење и училиштата во кои одела.
Од мала се занимавала со уметничко лизгање и 10 години се натпреварувала професионално во овој спорт, но го оставила за да почне да работи како модел.
Пробала да биде и пејачка, но сфатила дека тоа не е за неа, бидејќи немала талент.
„Бев самоука и знаев да врескам од нервоза кога не можев да погодам некој тон“, рекла таа.
Но, глумата отсекогаш ѝ била голема љубов, поради што почнала да оди на аудиции и да добива помали улоги во ТВ-серии.
Ова ѝ отворило неколку врати, па Малин почнала да добива понуди за да се појавува во познати холивудски филмови.
Меѓу најпознатите улоги ѝ се оние во 27 Dresses, Slayers, Wanderlust, The Proposal, Couples Retreat и многу други.
Глумела покрај Николас Кејџ, Ентони Хопкинс, Сандра Булок, Бен Стилер, Џенифер Анистон, Винс Вон, Рајан Рејнолдс и многу други.
Сепак, вистинската слава ја стекна со серијата Billionaire, но потоа почна да се повлекува од Холивуд и сè повеќе да прифаќа улоги во шведски филмови и серии.
Малин е една од познатите личности кои отворено зборуваат за својата борба со дислексијата, па често кажува дека тоа во голема мера ѝ ја отежнува работата.
„Умирам од страв кога треба да читам на проба со целата екипа, па за да не пелтечам, морам навистина добро да се подготвам“, вели.
Но, неодамна призна дека била многу возбудена кога ја поканиле да биде водителка на Евровизија.
„Не можам да опишам што чувствувам. Малку сум возбудена, но во позитивна смисла. Отсекогаш сум ја сакала Евровизија и ова беше остварување на еден сон“, рекла таа.
Таа до 2014 година беше во брак со италијанскиот музичар Роберто Зинконе, со кого има син.
Во 2018 година се омажи со британскиот актер Џек Донели.
А. Ј. | Црнобело