Опра има три раце, Рис Витерспун - вишок нога: Лош Фотошоп на насловната на Vanity Fair
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
Традиционалното „Холивуд издание“ на магазинот Vanity Fair собра 13 големи имиња од шоу бизнисот на едно место.
Оваа година, за 24-тото Холивуд издание на магазинот, пред објективот на Ени Либовиц застанаа Опра, Роберт Де Ниро, Никол Кидман, Рис Витерспун, Гал Гадо... Но, само Опра и Рис Витерспун страдаа од невештиот Фотошоп мајстор.
Така, на фотките Опра доби трета рака, а Рис Витерспун „ја покажа“ вишокот нога.
Грешката дури ја искоментира и Рис Витерспун на Твитер:
Well...I guess everybody knows now...I have 3 legs. I hope you can still accept me for who I am. ?( and I will never apologize for snuggling @Oprah .. if you get the opportunity, I highly recommend it;) https://t.co/6GyrfWxNSY
— Reese Witherspoon (@RWitherspoon) January 25, 2018
М. Д. | Црнобело