Кога се слави во Боливуд, Холивуд е во сенка: Свадбата на најпознатата индиска актерка (фото)
- Детали
- петок, 30 ноември 2018
Прославата во Италија беше дискретна, но на прославата во Мумбаи таа носеше раскошна венчаница со шифон, злато, Сваровски кристали и што уште не.
Кога станува збор за боливудските свадби тие не можат да се споредат со ништо друго. Огромни се, раскошни и сè блеска. Многу злато, традиционални костими и стотици гости.
Дипика Падукон (32) и Ранвир Синг (33) направија свадба во Мумбаи, откако претходно се свршија во луксузна италијанска вила покрај езерото Комо, во која се имаат снимано сцени од филмовите Star Wars и James Bond. Но, тогаш парот постави правило дека не е дозволено фотографирање и за жал во јавноста нема фотки од настанот.
Дипика е моментално најпознатата индиска актерка, која се има појавено во преку 30 филмови. Таа глумеше и со Вин Дизел во xXx: Return of Xander Cage. И нејзиниот сопруг има успешна актерска кариера.
Тие започнаа да се состануваат од 2013 година. Дипика има речиси 29 милиони следбеници на Инстаграм, a Ранвир 16.5 милиони.
Невестата носеше фустан во боја на слонова коска, рачно извезен со шифон, украсен со многу Сваровски кристали, а како накит имаше бисери, дијаманти и низа други детали.
Фотки од свадбата, плус неодамнешни фотки од парот:
С. С. | Црнобело