Адел не е веќе скромна: На што ги троши денес своите милиони?
- Детали
- сабота, 01 декември 2018
Британската пејачка драстично го промени животниот стил изминатите години. Иако првично се противеше на ваквата идеја, сега и таа ужива во луксузот на богатите и славните. Налик на вистинска дива.
Адел неодамна по третпат стана лидер на ранг листата за најбогати познати личности, кои се помлади од триесет години во Велика Британија. Сега нејзинoто ќесе со пари тежи речиси 140 милиони фунти.
Само во текот на минатата година, изведувачката стана побогата за 15 милиони фунти, наспроти фактот што не објавува нови албуми и не организира концерти. Турнејата ја заврши пред година дена и се посвети на приватноста.
„Ми треба нормален живот за да можам да создавам музика. Никој не сака да слуша песни од некого што не е во контакт со реалноста. Од таа причина живеам скромно – за фановите.“
Вака некогаш гласеше ставот на светски познатата изведувачка. Меѓутоа, времињата очигледно се променија. А и таа. Адел сега „пее“ сосема поинаква песна. Се однесува како дива и живее во невиден луксуз.
Еве на што ги троши денес своите милиони:
1. Пејачката се пресели од Лондон во Лос Анџелес, купувајќи дом во близина на оскаровката Џенифер Лоренс. За раскошниот имот издвои 7 милиони фунти.
Во нејзина сопственост е уште една вила од 5 милиони фунти, сместена на сама плажа во Малибу. А, кога ќе се додадат куќите и становите што ги поседува во Англија, вредноста на недвижностите ѝ достигнува фасцинанти 24.5 милиони фунти.
2. Адел има вработено огромен помошен персонал, од возач и стражар, преку дадилка, па до готвач и градинар. За безбедноста на ѕвездата се грижи и тим од телохранители, а секаде ја следи и личен асистент.
Посебно внимание привлече со поранешниот бодигард на Лејди Гага, кого го ангажираше да ја чува во 2015 година.
3. За прослава на триесеттиот роденден, во мај месец организираше тематска забава инспирирана од филмот „Титаник“.
Беше направен специјален сет каде буквално се преслика амбиентот на бродот, а и таа самата верно го ископира изгледот на Кејт Винслет. Многумина сметаа дека трагедијата баш и не е добра идеја за гала веселбата на музичарката.
4. Ѕвездата патува исклучиво со приватен авион. За време на турнејата во 2017 година, таа се превезуваше со Gulfstream G650, чијашто откупна цена е 50 милиони фунти. Изнајмувањето на ова летало, пак, чини 12 илјади фунти за еден час.
5. Откако го положи тестот за возачка дозвола во октомври 2013 година, Адел се снабди со импресивен парк од автомобили. Прво во нејзината гаража паркираше Porsche Cayenne, а сега омилена марка ѝ е Range Rover, па поседува повеќе вакви возила од двете страни на Атлантикот. Плус други – се разбира.
6. За формата на изведувачката сe задолжени персонален тренер и нутриционист. Таа конечно го засака фитнесот благодарение на Пит Герасимо, а со неговата диета симна 30 килограми. Клиентка е и на приватна клиника, од каде добива витамински инјекции по цена од 180 фунти. За да се откаже од пушењето, пак, одела барем на две сеанси со хипнотерапија.
7. Пејачката е колекционерка на чанти, па во нејзината досегашна збирка се наоѓаат модели од луксузните брендови Gucci, Hermès, Chanel, Celine, Jimmy Choo, Louis Vuitton, Mulberry и Burberry. Дури има ангажирано и посебна личност на која работата ѝ е да ги носи торбите.
8. Адел ги венчаше двајцата најдобри пријатели на имотот во Лос Анџелес. И таа ја платила целата свадба. За оваа пригода соработуваше со омилениот флорист на семејството Кардашијан, на кого му искеширала 10 илјади фунти само за цвеќето.
9. Дивата повеќе не е љубителка на „монотоните“ бели дијаманти. Наместо нив – сега ги преферира жолтите. Адел воедно сака златен накит со деликатен винтиџ дизајн. И го купува како да не постои утре.
10. За имиџот, пак, ги плаќа најпосакуваните имиња во Холивуд да ѝ бираат гардероба. Британката ја дотерувале, меѓу другите, стилистите на Џенифер Лопез, Аријана Гранде, Хилари Клинтон и сестрите Кардашијан.
Обожава да носи скапи дизајнерски чевли и чизми, па дури и патики со потпис на Yves Saint Laurent. Омилени очила за сонце на пејачката се оние од Linda Farrow, со цена од 475 фунти.
М. А. | Црнобело