Од буцковци до секси мажи – неверојатни трансформации на славни ѕвезди кои не личат на самите себе
- Детали
- сабота, 17 ноември 2018
Нам можеби ни звучи плитко и површно, но изгледот игра огромна улога во поглед на кариерата, особено во светот на славните. Овие мажи се доказ дека губењето на вишокот килограми може да направи вистински пресврт во животот и во кариерата.
Од буцко до вистински секс симбол – кои мажи се непрепознатливи во однос на својот изглед, мамејќи воздишки кај понежниот пол?
Рики Вилсон
Пејачот на британскиот бенд Кајзер Чифс зад себе ги остави деновите кога изгледаше како хроничен алкохоличар со подуено, црвено лице.
40-годишниот поранешен судија на The Voice не само што драстично ги намали килограмите, туку и ги поправи своите заби. Неговата тајна? „Чувството на среќа те прави слаб“, изјави Вилсон.
Калвин Харис
Многумина ќе кажат дека популарниот диџеј „процвета“ по врската со Тејлор Свифт, но Калвин Харис беше доволно привлечен и пред тоа, откако стана заштитно лице на Армани и се претвори од грдото пајче во прекрасен лебед.
Џери Ферара
Актерот најпознат во улогата во ТВ серијата Entourage успеа да го смени курсот на неговата кариера и начинот на кој го перципираат сите откако успеа драстично да ослабе. Тешко е да се поверува дека некогаш тежел 100 kg, нели?
Крис Прат
Дали би му дале 39 години на Крис Прат? Тој е најдобар доказ дека губењето на килограмите и буквално промена на личниот опис може да ти донесе мултимилионски улоги во најпознатите холивудски блокбастери.
Џона Хил
Многумина сметаа дека неговиот буцкаст изглед е дел од шармот кој му ги отвори вратите во Холивуд, но Џона Хил сепак успеа да го симне вишокот на килограми и да изгледа 10 години помладо.
Сет Роген
„Губењето на вишокот килограми не е пикник“, изјави актерот во една пригода алудирајќи дека навистина се помачил во текот на процесот, но очигледно вредело. Коментарите во врска со свршувачката која се случила по губењето на салото, Роген ги нарече смешни и бизарни.
Метју Луис
Најпознат по улогата на Невил Лонгботом во серијалот Хари Потер, Луис е доказ дека добрата фризура, поправката на забите и губењето на вишокот килограми се сосема доволни да го изгубиш засекогаш статусот на несмасно и непривлечно момче.
Даниел Рејнолдс
Пејачот на бендот Imagine Dragons се инспирирал за својата неверојатна трансформација по низата здравствени проблеми и воспаленија со кои секојдневно се соочувал. Неговото слабеење првенствено било поттикнато од здравствен аспект, но мора да признаеме дека изгледа одлично.
Сем Смит
Смит е еден од оние ликови кои изгледаат неодоливо симпатично, без оглед на бројката која ја покажува вагата. Неговиот глас кажува доволно, но елиминацијата на млечните производи, шеќерот и глутенот зборуваат уште погласно.
(О)Милена | Црнобело