Зошто Мадона ја охрабрува ќерка си да оди со неизбричени пазуви и нозе?
- Детали
- четврток, 08 ноември 2018
И на црвениот тепих и на модна писта Лурдес Леон ја имаме видено со незибричени нозе, а пак кога станува збор за пазувите тоа се случува уште почесто. Но, зошто го прави ова?
Лурдес Леон дефинитивно ги следи стапките на мајка си во поглед на авангардниот вкус за мода, но и спортивставувањето на наметнатите стандарди за убавина.
22-годишната ќерка на Мадона на црвениот тепих на настанот CFDA / Vogue Fashion Fund се појави со проѕирен фустан од кој ѝ се гледаа брадавиците, а се прошета и со неизбричени нозе. Инаку, и во други пригоди таа се има појавувано со неизбричени нозе и пазуви.
Ова потекнува оттаму што Мадона ја воспитува да биде самоуверена жена која не се плаши да им пркоси на стандардите за убавина, особено кога станува збор за влакната на телото.
Во едно интервју Мадона има изјавено: „Гледам како популарните девојки треба да се однесуваат за да ги освојат момчињата. Затоа јас одлучив да го правам спротивното. Одбивам да носам шминка секогаш, да имам средена фризура, да се бричам и одлучив дека ќе се шетам слободно со влакнести пазуви“.
60-годишната Мадона и денес гордо го покажува тоа, заедно со ќерка си.
Таа порачува дека сите жени имаат влакна таму, само не сме навикнати да ги гледаме и навистина не треба да се заморуваме да се вклопиме во сликата која мажите ја имаат за тоа како сакаат да изгледа жената.
Некои фанови им даваат поддршка на Мадона и Лурдес, додека други ги критикуваат.
Каков е вашиот став?
Фотки од Лурдес:
Прочитајте и Цигари од 15 години, влакна под пазувите: 10 факти за Лурдес, ќерката на Мадона!
С. С. | Црнобело