Цигари од 15 години, влакна под пазувите: 10 факти за Лурдес, ќерката на Мадона
Има 21 година и физички и карактерно неверојатно наликува на мајка си, но Лурдес гради свој пат.
Лурдес Леон лесно може да стане следната Мадона. Го има изгледот и контактите на мајка ѝ. Но, сепак таа не го сака тоа, туку оди во своја насока.
Мадона е ѕвезда со див темперамент и постојано ги поместува границите, но во домот е сосема друга личност, односно навистина строг родител со големи очекувања од децата. Како мали им било забрането гледање телевизија, освен филмови.
Но, и покрај тоа Лурдес успеа да направи некои работи кои Мадона не ги одобрува.
Факти за ќерката на Мадона:
Беше фатена како пуши цигара на 15-годишна возраст од папарацо фотограф
Мадона мораше јавно да се правда дека не ја одобрува постапката на ќерка си.
Листа на момчиња
Лурдес сака да ја чува приватноста за себе, но во неколку пригоди медиумите ја ловеа со момчиња, а едно од нив беше актерот Timothée Chalamet.
Ексцентричен моден стил
Мајка ѝ е модна икона уште од 80-тите, па Лурдес работи напорно да изгради свој моден стил и да се разликува од неа, некогаш дури и премногу.
Луксузни одмори
Таа патува низ целиот свет, но најмногу обожава да престојува во Мајами и да се капе во океанот.
Студира на Универзитетот во Мичиген
Мадона не дипломирала, но е приврзаник на доброто образование. Наместо во Лондон, Париз, Њујорк или Лос Анџелес, Лурдес студира во Мичиген, државата каде мајка ѝ пораснала.