Колку се поразлични официјалните фотографии на шведското кралско семејство од британското?
- Детали
- среда, 22 август 2018
За разлика од британското, шведското кралско семејство е далеку пооригинално кога се работи за нивните официјални фотографии.
Британското кралско семејство секогаш има официјални фотографии на кои сите се наместени и „стокмени“, без никакви природни моменти и опуштеност.
Кралскиот фотограф на шведското кралско семејство пак, направил неколку фотографии од членовите, прикажувајќи како тие го поминуваат летото во Скандинавија, но на поопуштен начин во поприродни кадри.
https://www.instagram.com/p/Bms757FlfJH/?taken-by=royals_ofsweden
На фотките може да се види 72-годишниот крал Карл Густав, со кралицата Силвија, принцезата Викторија која ќе го наследи тронот, нејзиниот сопруг и двете деца.
Принцезата Викторија и принцот Даниел имаат две деца, шестгодишната Естела и двегодишниот Оскар, кои навистина се природни и неодоливи на оваа фотосесија објавена на профилот на Инстаграм на семејството.
Семеен портрет на целото семејство
Принцот Даниел со малите Естела и Оскар
Прегратката на Естела и нејзиниот брат
Естела позира со пони коњче
Е. Д. | Црнобело