Моден маратон: Меган Маркл промени 3 фустани во еден ден (фото)
- Детали
- среда, 11 јули 2018
Три различни бои, три различни фризури и три различни фустани носеше Меган Маркл на нејзиниот прв моден маратон во кралската улога.
Меган го започна денот на прославата по повод Стогодишнината на Кралската воздухопловна федерација, каде стоеше до кралицата облечена во тегет елегантен фустан со А крој и светли крем штикли.
Само неколку часа подоцна, заедно со принцот Хари пристигна во Даблин на кралска должност, облечена во зелен Givenchy фустан со штикли во боја на кожа и чанта во идентична нијанса.
На попладневната забава организирана од Британскиот амбасадор во Ирска, Меган се појави во коктел фустан, во кој зрачеше со холивудски гламур.
Како изгледаше Меган Маркл во првиот 24-часовен моден маратон?
М. Д. | Црнобело