Зошто датумот на крштевката на принцот Луи има специјално значење за кралицата Елизабета?
- Детали
- понеделник, 09 јули 2018
Покрај славењето на крштевката на нејзиното внуче, таа има уште една голема причина зошто овој датум е специјален за неа.
Денес со 40-минутна церемонија во Chapel Royal of St. James' Palace во Лондон ќе биде крстен принцот Луи, третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
11 седмици стариот Луи е петти по ред во линијата за тронот, а сите членови на кралското семејство ќе бидат присутни на неговата крштевка.
Датумот 9-ти јули има особено големо значење за кралицата затоа што токму на 9-ти јули 1947 година таа, тогаш позната како принцезата Елизабета, ја објавила свршувачката со саканиот Филип. Па, така нејзиниот внук Луи ќе биде крстен токму на годишнината од нивната свршувачка.
Но, има сомнежи дека Елизабета и Филип биле тајно свршени една година пред тоа, иако официјална објава ја направиле на овој датум.
Портретот од нивната свршувачка:
С. С. | Црнобело