Многу арно, не е на арно - 14 најразгалени деца во светот
Софија Еклстоун
Ќерката на Тамара Еклстоун, наследничката на богатиот предводник на Формула 1, е растена со неизмерно богатство исто како и мајка ѝ.
Софија за својот прв роденден добила куќичка за играње на два ката, во вредност од 10.000 долари, којашто е реплика на семејната викторијанска палата Лондон, во вредност од 70 милиони долари.
Екатерина Риболовлева
Ќерката на рускиот милијардер Димитриј Риболовлев имала многу екстравагантно детство.
Наместо да престојува во хотели, татко ѝ купувал стан или куќа во различни градови. Нејзиниот апартман во Њујорк вреди дури 88 милиони долари и таа го користи кога е на посета.
Барон Трамп
Синот на самопрогласениот милијардер и претседател на САД е воспитуван да ги следи стапките на својот татко.
Барон има сопствен кат во Трамп Кулата во Њујорк којшто е украсен со 24-каратно злато и дијаманти. Неговата мајка, Меланија, има изјавено дека секоја вечер го мачка со хидратантен крем со кавијар.
Маја Хенри
Ќерката на успешниот американски адвокат за телесни повреди имала огромна прослава за својот 15-ти роденден, која чинела 6 милиони долари.
На оваа прослава настапиле Ник Џонас и Питбул. Ја шминкал шминкерот на Кардашијанс, а специјално за оваа прослава бил изграден и посебен простор.
Блу Ајви Картер
Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е родена за да биде разгалена, а нејзините славни родители се грижат за остварувањето на овој план. Се верува дека таа има примено подароци во вредност од 1,5 милиони долари уште на денот кога се родила.
А подароците не престануваат, па така за нејзиниот 2 роденден таа од нејзиниот татко добила Арапски коњ во вредност од 75.000 долари.
Пејџ Турпи
Таа тврди дека е најразгаленото девојче во Британија и се гордее со тоа. Нема проблем да ги троши сите пари на нејзината мајка којашто работи две работи за да може да заработи доволно за лудите барања на ќерката.
Наводно нејзината мајка пораснала во сиромашно семејство па сега надополнува за тоа преку ќерката. Сепак премногу арно, не е на арно.
Џејмс Ворен
Тој станал познат во Британија по тоа што е премногу разгален од својата мајка. Тој дури еднаш побарал од својата мајка да престане да троши пари на него откако таа потрошила 10.000 фунти за негови потреби.
Почнувајќи од дизајнерска облека, па сè до скапи часови за готвење во Италија, нема нешто што Џејмс ќе посака, а нема да го добие од неговата дарежлива мајка.
(О)Милена | Црнобело