Многу арно, не е на арно - 14 најразгалени деца во светот
- Детали
- недела, 03 јуни 2018
Нормално е секој родител да му пружи на детето сè што тој немал во животот.
Сепак, најголем дел од луѓето, реално не можат да си го дозволат тоа. Исклучок се некои премногу богати родители коишто ги разгалуваат децата така што им даваат буквално сè што ќе побараат, вклучувајќи и дизајнерска облека, патувања низ целиот свет, огромни џепарлаци.
Можеби не е толку лошо да ги разгалите понекогаш оние кои ги сакате, но некои од богатите родители претеруваат со задоволување на желбите на нивните деца. Можеби љубовта не може да се купи со пари, но овие родители сигурно се обидуваат да го направат тоа.
Прочитајте како изгледа животот на најразгалените деца во светот:
Сури Круз
Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, го држи местото како едно од најславните деца на познати лица во Холивуд.
Таа добива дизајнерска облека, посета на маникир и педикир со мајка ѝ, како и нејзина сопствена куќичка за играње во вредност од 24.000 долари, како подарок за Божиќ.
Принцот Џорџ
Нормално е да ве разгалат кога сте дел од кралската фамилија, а ова детенце беше опсипано со подароци на денот кога му беше претставено на светот.
Една компанија дури ги има направено и најскапите турпија и грицкалка за нокти, специјално за принцот Џорџ, а тие биле направени од 18-каратно злато и украсени со 350 дијаманти. Двете парчиња се проценети преку 1 милион фунти.
Жозевин Лау
Ќерката на познатиот хонконшки бизнисмен Џосеф Лау е позната по тоа што од својот татко милијардер го добива само најдоброто.
Еден од најекстравагантните подароци кои ги има добиено Жозефин е редок 12.03 каратен дијамант во вредност од 69 милиони фунти, којшто е наречен по неа „Сината месечина на Жозефин“.
Џастин Комбс
Како син на хип-хоп артистот Пи Диди, Џастин ужива во привилегиите на растењето. За неговиот 16-ти роденден тој добил Мајбах лимузина во вредност од 390.000 долари, како и чек од 10.000 долари за да си направи роденденска забава.
Захари Фурниш-Џон
Синот на Елтон Џон и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш е разгален уште пред да се роди. Наместо да биде во нормални јасли, Елтон Џон адаптирале апартман од 2 милиони долари во приватни јасли. Па така Захари имал свој мултимилионски имот уште пред да се роди.
Чејс Мекена
Ова девојче се најде на насловните страници како „најразгаленото дете во земјата“ откако успеала да ги убеди родителите да ѝ купат сè што ќе побара, иако тие немаат средства за тоа.
Почнувајќи од безброј дизајнерски парчиња облека, па сè до нејзино сопствено Пони коњче, Мекена ги води своите родители онака како што сака. Таа и нејзините браќа и сестри беа дел од ТВ документирана серија насловена „12-годишната шопохоличарка и останатите деца трошаџии“.
Јулија Стакива
Ќерката на милијардерот стана позната по фалењето со нејзиниот луксузен живот на Инстаграм. Таа ја добила својата прва дизајнерска чанта уште на 9 годишна возраст.
Се верува дека целата гардероба на Јулија достигнува вредност од 1,5 милиони долари, а таа има признаено дека не била свесна дека другите луѓе не можат да си дозволат дизајнерски чанти или чевли, сè додека не отишла на факултет.