Принцот Хари и Меган направени од пандишпан - Успешен обид за кралска торта?
- Детали
- среда, 16 мај 2018
Пред помалку од недела, Мадам Тисо во Лондон ги откри восочните фигури на принцот Хари и неговата идна сопруга, Меган Маркл.
Сега, една девојка од Велика Британија, која професионално се занимава со изработка на торти и колачи, реши да го направи истото, само користејќи пандишпан и фондан во боја.
Лара Мејсон креираше реплика со реална големина од кралскиот пар кој викендов, на 19-ти мај, ќе заплови во брачните води.
Тортата ќе биде изложена на интернационален натпревар за оригинални торти кој традиционално ќе се одржи по 25-ти пат овој ноември.
Lara Mason Cake Art baked life-size cakes that look just like Prince Harry and Meghan Markle. ?
За жал, тортата е само уметничко дело и никогаш нема да може да биде изедена.
Успешен обид или...?
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





