Од гаѓање со јајца до вадење пиштол: Ѕвезди кои не би ги посакале за соседи
Дејвид Швимер
Во 2010 година, популарниот Рос од „Friends“ искешира 4 милиони долари за висока стара куќа на пет ката во Њујорк. Била изградена во 1852 година, па наскоро се очекувало да добие статус на објект од историска важност.
Свесен за тоа, актерот Дејвид Швимер реши да ја сруши до темел, а на нејзино место си изгради луксузен замок на шест ката, со лифт и кровна тераса.
Соседството не беше задоволно од неговата одлука да ја уништи знаменитата градба, особено едно лице, кое го истури гневот пишувајќи: „Рос не е кул", со спреј на градилиштето.
Доктор Оз
Ако некој издвои милионска сума за дом со прекрасна панорамска глетка на Менхетн, сосема јасно е дека ќе се вознемири, доколку погледот му го попречи несовесниот сосед. Токму ова се случи со д-р Мехмет Оз, кој си засади три високи кедрови дрва на неговиот имот.
Нему дрвјата ни малку не му ја уништиja панорамската глетка на градот – но на соседите да – комплетно им го блокираше погледот. Притоа, ова не е првпат популарниот доктор да ги има изнервирано соседите со неговите пејзажни избори.
Две години порано, насадил повеќе бамбусови дрва, за кои комшиите се плашеле дека се лесно запаливи. Па, затоа ги одбрал гигантските дрва како замена.
Ешли Грин
Актерката научи на потешкиот начин дека е опасно да се остава запалена свеќа во домот. Во 2013 година, Ешли Грин предизвика пожар во нејзиниот апартман, откако заборавила да изгаси неколку свеќи, па почнал да гори каучот.
Пожарот ѝ го пеплоса целиот дом, а продолжи да се шири и во соседните станови, предизвикувајќи значителна материјална штета.
Портирот ја тужеше за здобиените повреди при евакуацијата на станарите, додека менаџерката на зградата ја даде на суд, не само поради направените штети, туку и бидејќи се здобила со трајно оштетување на респираторниот тракт.
А, згора на сѐ, го изгубила и едно од нејзините кучиња во пожарот.
Џејмс Франко
Заедницата на Силвер Лејк беше разгневена во 2013 година, кога актерот Џејмс Франко и неговиот продуцент Винс Џоливет купија куќа, само за да ја претворат во филмско студио со полно работно време.
Првично, се верувало дека Франко и Џоливет ќе го реновираат домот од 775.000 долари и ќе живеат во него. Наместо тоа, се вселиле многубројни вработени и почнале да го водат студиото.
Оттогаш, големи камиони и други возила постојано им ги блокираа улиците и пристапните патеки на соседите. Воедно, толпи луѓе секојдневно ги „окупираа“ имотите, не само на актерот, туку и на соседите.
Меѓутоа, не е против законот да се води компанија од сопствената куќа, па соседите мораше да се помират со хаосот што им го предизвика Франко.
Лени Кравиц
Музичарот, пак, се најде среде жешка вода, откако го затна тоалетот во неговиот фенси стан во населбата Сохо.
Во 2004 година, осигурителна компанија го тужеше Лени Кравиц за повеќе од 300.000 долари, затоа што тоалетот го поплавил станот на соседот под него, предизвикувајќи „катастрофални оштетувања од вода".
Наводно, тоалетот на рокерот бил „затнат и пренатрупан со разни материјали". Оштетениот бил поранешен извршен директор за осигурување, па тврдеше дека „небрежноста и негрижата" на Кравиц се единствените причини поради кои се случила незгодата.
Ако се земе предвид дека ѕвездата плати 8 милиони долари за луксузниот пентхаус, прилично шокантно е што бил толку невнимателен.
Брендон Вилијам Џонс
Кавгите со соседите не се невообичаени. Но, вперувањето пиштол кон нив е друга приказна. А, токму тоа е она што актерот од серијата „Pretty Little Liars“ го направи после караница со соседите – во повеќе од една пригода.
Во 2015 година, извадил пиштол среде расправија во соседството. Во 2016 година, пак, вперил пиштол, а подоцна замавнувал и со нож. Не е познато дали обата инциденти биле поврзани со ист сосед.
Поради ваквото однесување, Брендон Вилијам Џонс беше осуден на затворска казна од 180 дена. По сѐ изгледа, не е баш безбедно да се живее во негова околина.
М. А. | Црнобело