Следната генерација на семејството Кардашијан е неодолива (фото)
- Детали
- вторник, 13 март 2018
Ким и Кортни Кардашијан имаат по три дечиња, а пак Клое Кардашијан вежба со внуците додека го чека своето прво дете.
Колку и да не ни се допаѓа, мора да признаеме дека семејството Кардашијан има значајно место во светот на забавата. Тие заработуваат милиони, па мора да се подготвиме за следната генерација.
Годинава имаше многу бебиња во познатото семејство.
Како изгледа следната генерација на Кардашијан:
Сторми
Кајли Џенер и нејзиното момче Тревис Скот неодамна станаа родители на преслатката Сторми.
Чикаго
На почетокот од 2018 ја запознавме Чикаго, ќерката на Ким Кардашијан. Третото дете, ќерката Чикаго, Ким и Канје ја добија на 15 јануари со помош на сурогат.
Норт и Сент
Ким Кардашијан го доби првото дете со раперот Канје Вест во јуни 2013, ќерката Норт. Две години подоцна, поточно во декември 2015 го добија синот Сент.
Дрим
Роб, најмладиот Кардашијан, ја доби својата ќерка Дрим во ноември 2016 со својата тогашна девојка Блек Чајна.
Мејсон, Пенелопе и Реин
Кортни, најстарата Кардашијан, со поранешниот Скот Дисик има три деца. Мејсон (8), Пенелопе (5) и Реин (3).
Девојче на пат
Клое, која го очекува своето прво дете, девојче, со своето момче Тристан Томпсон постојано минува време со своите внуци.
Преслаткиот подмладок на Кардашијан:
С. С. | Црнобело