Кои се значењата на имињата на децата во Кардашијан-Џенер семејството?
- Детали
- среда, 14 февруари 2018
Во последно време, многу работи се случуваат во семејството Кардашијан-Џенер, што веќе на луѓето им е смачено да читаат за нивните драми.
Но, сепак, случувањата во нивниот живот за некого се интересни, па постојано излегуваат нови и нови информации.
Помеѓу последните настани, најактуелни се бременоста на сестрите, децата, како и нивните имиња.
Па, кога сме кај имињата на децата, мора да признаеме дека повеќето од нив се многу чудни и специфични, но како и за многу работи, така и за нив има причина и приказна.
Дознајте кои се значењата на имињата на децата на Кардашијан-Џенер семејството:
Децата на Кортни Кардашијан и Скот Дисик
Мејсон Даш Дисик
„Пред да се роди, ѝ кажав на тетка ми дека сакам да го крстам со ова име. Таа ми кажа дека Мејсон на англиски значи исто што и Кардашијан на ерменски – силен работник.“ – изјавила Кортни во едно интервју пред неколку години.
Средното име пак, Даш, веројатно е добиено како кратенка од Кардашијан, што исто така било и прекар на нејзиниот татко.
Пенелопе Скотланд Дисик
Името значи ткајач, но мајката на Кортни изјавила дека името на ќеркичката, Корни и Скот ѝ го дале зошто мислат дека е слатко.
Средно име пак, Скотланд, не е познато дали има посебно значење.
Реин Асток Дисик
Името Реин означува „кралство“ или „царување“, а Кортни открила дека идејата за името била нејзина.
Децата на Ким Кардашијан и Канје Вест
Норт Вест
Првично, се појавиле гласини дека тие ќе ја крстат ќерката Норт, а кога луѓето ги прашувале дали се сериозни, тие велеле дека нема да ја крстат така, дека се работи за гласини.
Но потоа, неколку познати личности им кажале дека името е супер, а Крис Џенер има изјавено дека Ким ѝ открила што значи Норт – голема моќ.
Сент Вест
Второто дете на Ким и Канје изгледа го добило името според тоа колку било тешко да забремени со него, а потоа и самата бременост.
Па така, наводно тие го крстиле детето Сент (светец), бидејќи тој бил благослов за нив во тешката ситуација.
Чикаго Вест
Третото дете, родено од сурогат мајка, се вика Чикаго, а за истото се шпекулира дека веројатно е поврзано со тоа што Канје израснал во Чикаго, па со тоа ѝ оддава почит и на неговата мајка, но сепак, изворите не се сигурни.
Детето на Роб Кардашијан и Блек Чајна
Дрим Рене Кардашијан
Името Дрим (сон), наводно го избрале двајцата заедно, бидејќи ќеркичката била сон кој секогаш сакале да им се оствари, а средното име веројатно потекнува од вистинското име на Чајна – Ангела Рене Вајт.
Детето на Кајли Џенер и Тревис Скот
Сторми Вебстер
Името потекнува storme (бура), но сепак не се знае кои се причините заради кои тие го дадоа ова име на нивното прво дете.
М. М. | Црнобело