Што е со стапалата на Кендал Џенер? (фото)
- Детали
- вторник, 27 февруари 2018
Младата убавица објави комплетно голи фотографии на социјалната мрежа Инстаграм. Но, наместо секси фигурата, во очите на фановите им падна еден сосема друг дел од телото.
22-годишната манекенка и ѕвезда на реалното шоу, Кендал Џенер, малку остави на имагинацијата со последната фотосесија, каде позира како од мајка родена.
Црно-белите слики се дело на познатата украинска фотографка Саша Самсонова, пред чиј објектив позираа и нејзините сестри, Кајли Џенер и Клое Кардашијан, како и танчарката Дита фон Тис.
Очекувано или не, сензуалните и еротски фотки на супермоделот предизвикаа лавина од реакции на Инстаграм. Меѓутоа, не од очекуваните причини. Имено, постои еден дел од телото, што ги фрли во сенка облините на Кендал.
Во прашање се нејзините „чудни“ ножни прсти, кои веднаш ги забележаа фановите на социјалната мрежа. „Што е со нејзините стапала?“ – прашува еден од 87 милионите следбеници. „Вриштам од смеа. Погледнете ѝ ги прстите!“, се надоврзува друг. Во коментарот на трет обожавател, пак, стои: „Те љубам, но што не е во ред со твоите прсти, девојко?!“
Како ви изгледаат вам? Дали (не)заслужено стана предмет за потсмев на социјалните мрежи?
М. А. | Црнобело