Личен готвач, стилист и образование од 20.000 евра: На 6 години, Блу Ајви живее живот на „висока нога“
- Детали
- вторник, 30 јануари 2018
Можеби има само 6 години, но ќерката на Џеј Зи и Бијонсе, Блу Ајви Картер, веќе покажува знаци на вистинска мала ѕвезда.
Таа во неделата присуствуваше на Греми 2018, каде беше облечена во бел аутфит и она што им остави впечаток на сите беа нејзините светкави штикли.
Нешто друго што им падна во очи на фановите беше моментот кога таа им „нареди“ на родителите да се смират и да престанат да аплаудираат, а видеото стана интернет сензација.
Секако, не може да се обвини девојчето за нејзиниот „висок став“, земајќи го предвид животниот стил кој таа го води, што ѝ дозволува да се однесува „шефовски“.
Додека другите деца на нејзина возраст си играат во паркови и игротеки, Блу Ајви живее живот на висока нога.
Таа има нејзин сопствен персонал, личен стилист, личен готвач како и телохранители.
Веќе постојат планови за на нејзин парфем и лансирање на линија за облека, роденденските забави се преувеличени уште од најмала возраст, а има и нејзино пони.
На ќерката на Бијонсе и Џеј Зи никогаш не ѝ недостасува внимание, а за неа имаат најмено 2 дадилки.
Според некои извори, наводно таа е многу пребирлива и за исхраната, што е вистински предизвик за готвачот, кој ја искушува со паста од цело зрно пченица, во форма на балерини и пире од аспарагус.
Кога станува збор за нејзиното облекување, таа се потпира на стилистот Мануел Мендез, кој е вработен во компанија на Бијонсе.
Стилистите на Бијонсе и Џеј Зи комуницираат меѓусебно со стилистот на Блу Ајви, за кога тие одат заедно на некој настан да бидат складно облечени, како што на Греми 2018 беа во црно бела комбинација.
На посебни настани таа носи парчиња од високата мода, како кога на MTV музичките награди лани носеше Mischka Aoki фустан од околу 9.000 евра, а 6-годишната изгледа ги сака и брендовите како Gucci и Dolce&Gabbana.
Секако, ништо помалку од најдоброто и кога станува збор за образование, па така, таа оди во Центар за рана едукација во Лос Анџелес, каде семејството се пресели за таа да може да биде дел од центарот, во кој една година чини од 17.000-22.000 евра.
Што се однесува до дружењето со други деца, таа е многу блиска со ќерката на Гвинет Палтроу, иако помеѓу нив има 7-годишна разлика, а често се дружи и со близнаците на Мараја Кери.
Како ви изгледа животот на 6-годишната Блу Ајви?!
М. М. | Црнобело