Запознајте ги понежните половини на дел од македонските ракометари (фото)
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2018
Нивните девојки и сопруги се нивната најголема поддршка, без разлика дали станува збор за триумф или пораз.
Тие се македонските херои, кои со лавовско срце и труд од петни жили, се борат на терените.
Македонската репрезентација, предводена од селекторот Раул Гонзалес, дава сè од себе и нè прави горди Македонци.
Кога е спортот во прашање тие се даваат со цело свое срце, но така е и кога е приватниот живот во прашање. Македонските ракометари се посветени партнери, сопрузи и татковци.
Кире Лазаров ја запознал својата сопруга Љубица кога имал само 17 години, а денес имаат две деца. Борко Ристовски е во брак со Николина и имаат еден син.
Филип Лазаров со сопругата Билјана има еден син, Филип Миркуловски со Благица е од тинејџерските денови и имаат две ќерки. Столе Стоилов е во врска со струмичанката Катерина.
Еве како изгледаат понежните половини на дел од македонските ракометари:
Кире Лазаров и Љубица
Филип Миркуловски и Благица
Филип Лазаров и Билјана
Борко Ристовски и Николина
Столе Стоилов и Катерина
С. С. | Црнобело