„Пластично“ лице - Рене Зелвегер се мачи да се насмее во шоуто на Џими Кимел (видео)
- Детали
- понеделник, 16 октомври 2017
Рене Зелвегер многупати досега беше мета на коментари и критики заради промената која ја направи со себе и своето лице.
Иако самата вели дека е среќна што луѓето забележале промена бидејќи сега живее поздрав живот, сепак никој не верува дека промената се должи на здравите навики.
Во најновото шоу на Џими Кимел токму Рене беше гостинка и неколку минути дискутираше за своите избори во кариерата и приватниот живот.
Меѓутоа, имаше еден проблем – никако не можеше да се насмевне, а причина за тоа се многубројните пластични операции и ботоксот кој го затега нејзиното лице.
Секој обид завршуваше неуспешно и по малку тажно за ѕвездата која сите ја паметиме по улогата во Дневникот на Бриџит Џонс:
М. Д. | Црнобело