Новото лице на Рене Зелвегер без шминка (фото)
- Детали
- среда, 29 октомври 2014
Откако Рене Зелвегер се појави на црвениот тепих на 20-ти октомври, сите светски медиуми почнаа да се интересираат за нејзиното „ново лице.“
45-годишната актерка, за прв пат по гламурозното појавување, беше фотографирана во природно издание за време на викендот во Мисисипи, каде го снима најновиот филм.
Нејзиното лице без грам шминка повторно изгледаше исто - затегнато до непрепознатливост.
Насмеана и расположена, актерката постојано ги поздравуваше папараците кои направија одлични фотографии од нејзиното ново лице без шминка и ја доловија моќта на пластичните операции и ботоксот.
Оваа промена изгледа не е од здравиот начин на живот, како што тврдеше самата Рене пред само неколку дена.