Прво појавување на Кејт Мидлтон со трудничкото стомаче (фото)
- Детали
- четврток, 12 октомври 2017
Кејт Мидлтон се појави во јавност за првпат откако ја објавија веста за третата бремност и го покажа трудничкото стомаче.
Војвотката од Кембриџ не е забележана во јавност од август, а во вторникот им се придружи на Принцот Вилијам и Принцот Хари на приемот во Бакингемската палата за да го одбележат денот на менталното здравје.
Кејт изгледаше прекрасно во светло син фустан од чипка, кој малку го оцртуваше нејзиното стомаче.
Таа сѐ уште пати од утринските мачнини кои ги имаше и во претходните две бремености, но ситуацијата станувала подобра, а плус била одлучна дека сака да присуствува на настанот.
Гостите и фановите ѝ се восхитуваат што решила да присуствува и покрај нејзината состојба и постојано ја фалеле, велејќи дека е борец. Од друга страна пак, на социјалните мрежи има и такви кои коментираат дека едвај ѝ се познава стомакот и дека е претерано слаба.
Погледнете како изгледаше војвотката и проценете сами:
М. М. | Црнобело