Ѝ го исклучувале микрофонот на Викторија: Интересни факти за Spice Girls
- Детали
- петок, 06 октомври 2017
Spice Girls е една од најлегендарните женски групи кои некогаш постоеле во светот на музиката.
Нивната прва песна „Wannabe“ за многу кратко време стекна планетарна популарност и оттогаш сите девојчиња сакаа да бидат како нив, а на сите момци една од пејачките им беше симпатија.
По распадот на групата, Џери, Викторија, Ема, Мел Би и Мел Си се обидоа со свои музички кариери, но не успеаја да направат толку големи хитови како кога беа заедно.
Познато е дека Spice Girls неколку пати се имаат сретнато со Кралицата Елизабета и Принцот Чарлс, но постојат и интересни нешта кои веројатно не сте ги знаеле за нив:
1. Spice Girl првично се викале Touch, но го промениле името откако ангажирале нови менаџери.
2. На првата аудиција биле само Викторија, Мел Си и Мел Би и ги пееле следниве песни: Викторија ја пеела „Mein Herr“ од Cabaret, Мел Си ја пеела „I’m so Excited“ од Pointer Sisters, а Мел Би ја пеела „The Greatest Love of All“ од Витни Хјустон.
3. Ема Бантон и Џери Халивел не биле дел од првичниот состав, туку им се придружиле на девојките подоцна.
4. И Викторија Бекам не била дел од првичниот состав. Таа дошла на местото на Мелани Лакохи уште додека групата се викала Touch.
5. Авионот Spice One е крстен по Spice Girls, во 2007 година.
6. Wannabe била напишана за 10 минути. Девојките слушале стара реге песна од Shaggy и се инспирирале да ја напишат песната.
7. Го поканиле премиерот на Британија, Тони Блер, да гостува во спотот за „Wannabe“, но тој одбил.
8. Викторија е единствената која нема соло дел во песната „Wannabe“.
9. Често се случувало Викторија да пее на исклучен микрофон за време на настапите. „На некои настапи, ми го исклучуваа мојот микрофон и мојот дел го пееја другите. За среќа, бидејќи носев штикли, се помрднував малку, па не се забележуваше дека не пеам“, откри Викторија во едно интервју минатата година.
10. Spice Girls направија филм во 1997, со наслов Spice World. Филмот беше повторно вратен во кината овој септември за 20-годишнината од групата.
11. Британскиот магазин Top of the Pops им ги дал фамозните прекари: Posh Spice (Викторија), Sporty Spice (Мел Си), Scary Spice (Мел Би), Baby Spice (Ема) и Ginger Spice (Џери).
12. Џери Халивел ги напушти Spice Girls во 1998-та година. Легендарниот фустан што го носеше на Британските награди во 1997, беше продаден за неверојатни 41.300 евра.
13. Во 1997, го отпуштија нивниот менаџер Сајмон Фулер кој беше заслужен за нивниот успех и се обидоа да ја водат групата сами.
14. Девојките се запознале со Принцот Чарлс и Нелсон Мандела во ист ден. Нелсон Мандела има изјавено дека бил пресреќен што ги запознал Spice Girls.
15. Тие исто така се запознале и со Кралицата Елизабета и со Принцот Хари кога тој имал 13 години.
16. Кога се запознал со Викторија, Дејвид Бекам не знаел која е, иако групата беше многу популарна во тој период.
17. Девојките го проширија трендот на чевли со огромна платформа.
18. Мел Би и Викторија дознале дека се бремени во исто време, за време на турнејата во Америка.
19. џери Халивел се има појавено во една епизода од „Сексот и градот“.
20. Spice Girls повторно се собраа за да настапат на Олимпијадата во 2012 година.
21. Постојат кукли кои се направени во чест на Spice Girls, Spice Girls Dolls. Приходот од нивната продажба изнесувал 11 милиони долари.
22. Ема ги задржала сите фустани и чевли кои ги носеше додека беше дел од групата.
23. Иако биле блиски, девојките честопати имале расправии.
24. Мел Би денес е судија на шоуто „America’s Got Talent“, а Мел Си на „Asia’s Got Talent“.
М. В. | Црнобело