Клое Кардашијан е бремена од Тристан Томпсон
- Детали
- среда, 27 септември 2017
Ријалити ѕвездата е третата Кардашијан-Џенер сестра за која во последниве месеци се шпекулира дека е бремена.
33-годишната Клое Kардашијан е во четвртиот месец од бременоста од 26-годишната кошаркарска ѕвезда Тристан Томпсон, тврдат UsWeekly, People и TMZ.
Крајниот термин на Клое е февруари, исто како и на нејзината 20-годишна сестра Кајли, додека Ким го очекува третото дете во јануари од сурогат мајка.
Откако инсајдери за магазинот People ја потврдија информацијата, тврдат и дека и Клое и Тристан се пресреќни што ќе станат родители.
„Не брзаат со објавување на информацијата, меѓутоа ја споделија со најблиските. Сакаат да знаат дека сè е во ред.“
Сега за сега, никој од идните родители ја нема потврдено оваа информација.
Последен пат се видени заедно на почетокот на септември, во лежерно издание.
М. Д. | Црнобело