Ким и Канје очекуваат ќеркичка од сурогат мајка во јануари 2018-та
- Детали
- четврток, 07 септември 2017
Ким и Канје никогаш не ја исклучија опцијата за уште деца со сурогат мајка, со оглед на тешките породувања на Ким, но новостите пристигнуваат побрзо од очекуваното.
Како што наведува TMZ, парот кон крајот на јануари 2018-та ќе му каже добредојде на петтиот член во семејството.
Ким и Канје ќе станат родители по третпат идната година и тоа на уште едно девојче.
Тврдењата се дека парот е „во облаци“ од среќа, a се шпекулира дека за третото дете платиле околу 45.000 долари на сурогат мајката.
За таа цена на мајката ѝ биле забранети било какви пороци, јадење свежа риба, боење на косата и внимателно се следи нејзината здравствена состојба.
М. Д. | Црнобело