Зошто Анџелина Џоли носи долги ракави среде лето?

За славната глумица, изгледа дека зимата трае цела година. Анџелина Џоли го помина летото со децата во Лос Анџелес, aма облечена во долги блузи, јакни, палта, мантили, па дури и џемпери.

zoshto-andjelina-djoli-nosi-dolgi-rakavi-srede-leto-1.jpg

Нетипичните „летни“ парчиња на филмската ѕвезда, предизвикаа голем интерес помеѓу луѓето, а дел од медиумите се прашуваа што навистина се крие зад таквите чудни модни избори на Џоли.

Особено во Лос Анџелес, каде летата се мошне жешки.

zoshto-andjelina-djoli-nosi-dolgi-rakavi-srede-leto-2.jpg

А, одговорот лежи во тоа дека Анџелина всушност ги крие рацете, бидејќи не сака јавноста одново да ја нападне за претераната слабост, поради која често е на удар на критиките.

Иако преубавата Анџелина беше позната по раскошните облини, после низата здравствени проблеми, како и разводот од сопругот Бред Пит, глумицата драстично ослабе, па сега има тенки раце налик на дете.

zoshto-andjelina-djoli-nosi-dolgi-rakavi-srede-leto-3.jpg

Заради слабите и ковчести раце и нозе, во весниците често можеше да се прочитаат наслови од типот на: „Анџелина Џоли ќе умре од анорексија“.

А, иако Џоли постојано се бранеше - дека таа е само природно слаба, односно дека се чувствуваа подобро од кога и да е, се чини дека ѝ здосадија таквите правдања, па пронајде добар начин, како да не се изјаснува повеќе јавно за својата килажа и изгледот.

zoshto-andjelina-djoli-nosi-dolgi-rakavi-srede-leto-4.jpg

Секоја чест за издржливоста, зар не? Во џемпер на +40 степени.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...
Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека т... „Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месец...
Родителите на Бред Пит скршени од болка бидејќи не ги гледаат внуците: „Поминаа 8 години“ „Имаат над 80 години и не им се верува дека можеби никогаш повеќе нема да ги вид...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg