Нераскинливи пријателства: Славни дами кои се блиски како сестри
- Детали
- сабота, 26 август 2017
Пријателството е едно од најголемите богатства во животот. Познатите личности се свесни за тоа, па внимателно ги бираат луѓето со кои сакаат да се опкружат и на кои ќе им веруваат.
Доживотното пријателство, кое е цврсто и нераскинливо, се вбројува во најубавите животни иксуства. Особено во светот на „џет-сетот“, каде искрените и долговечни пријателства помеѓу ѕвездите се навистина реткост.
Тоа најдобро го знаат актерките Џенифер Анистон и Кортни Кокс, кои си се меѓусебна потпора повеќе од две децении. Во далечната 1994-та година, Анистон и Кокс ги спои популарната серија „Пријатели“.
И ден-денес, блиски се како сестри, а сите најважни мигови ги поминале заедно – и добрите, но и лошите. Од година во година, нивниот однос е сѐ посилен, па секогаш си пружаат безусловна поддршка. Но, не се единствените.
Во продолжение, ви откриваме уште неколку славни дами кои со години се најдобри пријателки, а блиски се како да се сестри:
Камерон Диаз и Дру Баримор
Никол Кидман и Наоми Вотс
Тина Феј и Ејми Полер
Џенифер Анистон и Кортни Кокс
Бизи Филипс и Мишел Вилијамс
Ешли Тисдејл и Ванеса Хаџинс
Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс
М. А. | Црнобело