„Беше вистинска тепачка во автомобилот“ - Крис Браун ја опишува ноќта кога ја нападна Ријана
- Детали
- среда, 16 август 2017
Крис Браун се отвори за ноќта кога тој ја нападна неговата девојка Ријана во 2009-та.
Раперот зборуваше за инцидентот во ново видео за неговиот документарен филм „Chris Brown: Welcome To My Life“.
Тој опиша како работите тргнале на лошо откако тој признал за неговото сексуално минато со жена која работела за него, иако претходно ѝ кажал на Ријана дека никогаш не биле љубовно поврзани.
Но, Крис тврди дека неговото признание е причина што нивната врска стана насилна, а вели и дека двајцата биле виновни.
„Таа ме мразеше. По ова се обидов со сѐ. Но, таа не ми веруваше воопшто. Оттогаш работите тргнаа по надолна линија, бидејќи имаше кавги, навредливи зборови, а и физички удари.“ – се отвара раперот.
„Сѐ уште ја сакам Ријана, но да бидеме искрени – се расправавме, таа ќе ме удреше, јас ќе ја удрев, никогаш не беше во ред. Секогаш доаѓаше до момент кога си велиме – Што правиме?“
Тој додаде дека кога имал настапи, а на лицето имал гребаници, морал да објаснува и да лаже дека паднал или ако се работи за модрици, да ги покрива со шминка.
Катастрофалната ноќ започнала кога жената за која Крис признал, се појавила на забавата на која тој и Ријана присуствувале. Тој вели дека побарал од неа да престане да оди на места каде што е тој, но таа влегла, дошла до масата и почнала разговор, а тој знаел дека ќе настане проблем.
Парот подоцна се напил неколку пијалаци за да се опушти, а потоа Крис ѝ го понудил телефонот на Ријана за да докаже дека не знаел дека ќе биде тука таа. За негово изненадување, жената му пишала порака дека ќе биде на истата забава.
„Ријана збесна кога ја виде пораката. Таа полуде, го фрли телефонот ми кажа дека ме мрази, почна да ме удира, седиме во Lamborghini-то и знаете, таа се тепа со мене.“ – признава тој.
„Се сеќавам дека се обидуваше да ме истепа, буквално да ме претепа, но потоа јас ја удрив. Со затворена тупаница, ја удрив, ѝ ја смачкав устата и кога го видов тоа, бев во шок и си помислив – Зошто ја удрив така?“
„Оттука, таа почна да плука крв во моето лице и тоа ме воспали уште повеќе. Стана вистинска тепачка во автомобил.“
Таа сакала да му го земе телефонот за да го фрли, но тој не го давал, па потоа ги земала клучевите од автомобилот и изглумила дека ги фрла низ прозор. Крис излегол да ги бара, а Ријана почнала да вреска и да бара помош, велејќи дека тој ќе ја убие.
Крис беше обвинет и доби казна за неговото дело, а Ријана целата ситуација ја преброде многу тешко. Таа во 2012-та се отвори и низ солзи го раскажа минатото со Крис.
Погледнете го целосното видео во кое Крис ја раскажува цела вечер:
https://www.youtube.com/watch?v=IZnkXdAKtpw
М. М. | Црнобело