Ријана низ солзи го раскажа минатото со Крис

rijana-niz-solzi-go-raskaza-minatoto-so-kris-1

После многу шпекулации и озборувања околу врска и блискоста на Ријана и Крис, конечно признание. Во шоуто на Опра, Ријана низ солзи го објаснувала текот на нивната врска, прекинот и периодот на повторно зближување.

На големиот број на шпекулации за нивната повторна врска, Ријана објасни дека е во контакт со Крис меѓутоа овој пат само како пријатели, иако подоцна ги призна своите чувства кон него.

rijana-niz-solzi-go-raskaza-minatoto-so-kris-2

„Работиме на односот на пријателство, и тоа нема да се промени. Сега сме навистина блиски пријатели. Да, чудно е, бидејќи се уште го сакам. Се уште го имам она чуство кога за прв пат се заљубуваш, меѓутоа ќе морам да го потиснам. Кога не можеш да разбереш што чувствуваш можеш да направиш многу грешки” – со солзи раскажала ѕвездата од која никогаш не се очекуваше ваква емотивна изјава.

Спротивно на сите забави и нејзини лудории, Ријана покажа дека е само заљубена девојка која не знае како да се справи со таа љубов.

rijana-niz-solzi-go-raskaza-minatoto-so-kris-3

„Мислам дека тој е љубовта на мојот живот. Тој беше моја прва љубов” беше последната нејзина  изјава на која многумина подзинаа.

Изгледа голем дел од фановите се разочарани од најновото нејзино интервју, бидејќи никој не мисли дека зближувањето со Крис е помалку опасно од минатиот пат.

Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg