Кои се бившите на Алекс Родригез, пред да ја „улови“ Џеј Ло?
- Детали
- вторник, 08 август 2017
Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез има богато љубовно минато пред да ѝ се посвети на Џеј Ло.
Бил поврзуван со многу познати жени, а додека играл безбол за Њујорк Јенкис, бил и во брак со психолог. Некои негови љубовни романси се само трач, додека за некои е потврдено дека се случиле.
Денес, Алекс е среќно заљубен во Џеј Ло, а еве ја листата на сите негови бивши пред да ја „улови“ згодната пејачка:
Синтија Скуртис
Алекс и Синтија беа во брак од 2002 до 2008 година и имаат две ќерки, Наташа и Ела.
Мадона
Се зборуваше дека Алекс и Мадона се состанувале кратко по разводот од Синтија, но Мадона ги отфрли тие тврдења и изјави дека не е во врска со Алекс.
Бетени Франкел
Сите мислеа дека Алекс и Бетени се во врска во 2009-тата, но неодамна ѕвездата на „The Real Housewives of New York“ изјави дека биле само на два состаноци заедно.
Кејт Хадсон
За врската на Алекс Родригез и Кејт Хадсон постојат и фотографии како доказ. Тие беа заедно 7 месеци, пред да раскинат во декември, 2009.
Камерон Диаз
Алекс и Камерон беа заедно околу една година. Раскинале поради тоа што не можеле да си ги усогласат работните распореди.
Тори Вилсон
Згодниот Алекс беше во врска со моделот и професионален женски борач Тори Вилсон од 2011 до 2015.
Ен Воџицки
Во 2016тата, Алекс беше во врска со директорката на компанијата за биотехнологија 23andMe, Ен Воџицки. Врската траеше помалку од една година.
Џенифер Лопез
Во 2017-тата, Алекс започна љубовна врска со Џенифер Лопез со која се знаел долги години наназад. Првпат се појавија заедно на Мет Галата.
М. В. | Црнобело