Модно ускладени: Кралското семејство од Шпанија на одмор во Палма де Мајорка
- Детали
- вторник, 08 август 2017
Британското кралско семејство не е единствената модна инспирација од светот на кралските семејства.
Кралицата Летиција и Кралот Фелипе им се вистинска модна конкуренција на Вилијам и Кејт. Тие деновиве беа на краток одмор во Палма де Мајорка, каде прошетаа низ градот во летни и модно ускладени комбинации заедно со нивните две ќерки, Принцезата Софија и Принцезата Леонор.
За прошетката, Летиција одбра бело ленено фустанче, додека Фелипе носеше сина кошула и сини панталони. Двете ќерки исто така ја одбраа истата палета на сина и бела боја.
Претходно, Кралот Фелипе ги покани новинарите да направат фотографии од семејството пред палатата Marivent palace. И за оваа пригода, кралското семејство беше во неформални аутфити, идеални за летниот период.
Погледнете ги фотографиите од нивниот престој во Палма де Мајорка:
М. В. | Црнобело