Актери чии ликови умреле во сериите заради нивното безобразно однесување
- Детали
- вторник, 01 август 2017
Во телевизиските серии, многу ретко ја гледаме истата група на актери до последната сезона. Понекогаш тоа е поради тоа што некој лик веќе не одговара во сценариото, а понекогаш се случува на ликот нешто да му се случи намерно и да не се појавува веќе во следните епизоди.
Најчесто, причината за ваквата одлука на режисерот е однесувањето на актерите за време на снимањето. Некои продукции не можат да се справат со разгалени и безобразни актери, колку и да се популарни, па одлучуваат да ги отпуштат.
Еве ја листата на актери кои биле отпуштени од оваа причина:
Шенон Доерти
Шенон Доерти отсекогаш имала репутација дека е тешка за соработка, уште од серијата „Беверли Хилс“. Следна серија каде играше Шенон беше популарната „Волшебнички“. Но, и таму правела проблеми и влегувала во конфликти со другите актерки, особено со Алиса Милано, па набрзо ја тргнаа од серијата.
Нејзина замена беше Роуз Мекгоуен.
Чарли Шин
За проблематичниот актер Чарли Шин се знаеше дека кога-тогаш ќе го тргнат од „Two and a Half Men“, па сценаристите одлучија неговиот лик да умре и го заменија со Ештон Качер.
Чарли во тоа време имаше проблеми со алкохол и дрога, а набргу потоа се пријави во центар за рехабилитација.
Николет Шеридан
Драмата во „Очајни домаќинки“ беше присутна и во серијата, и на снимањето. Наводно, Николет Шеридан, која го играше ликот на Иди Брит, често влегувала во конфликт со другите актерки, но и со режисерот Марк Чери.
Во серијата, Иди умира во сообраќајна незгода, но се појавува и во следната сезона, само во една сцена.
Патрик Демпси
Фановите на „Grey’s Anatomy“ беа разочарани кога од серијата изјавија дека Патрик Демпси веќе нема да ја игра улогата на згодниот доктор Дерек Шепард.
Патрик имал несогласувања со сценаристката Шонда Рајмс, а наводно и ја изневерувал неговата сопруга со некоја колешка од истата серија.
Тејлор Момсен
Тејлор ја глумеше Џени Хамфри во популарната серија „Gossip Girl“ и кога ја напушти серијата изјави дека таа одлука ја донела бидејќи сакала да се посвети на нејзиниот бенд.
Но, од продукцијата велат дека Тејлор била непрофесионална и безобразна за време на снимањата, а често и не ни доаѓала на снимање.
Миша Бартон
Ликот на Миша Бартон во „OC“, Мариса Купер, загина во сообраќајна несреќа во третата сезона, што ги разочара фановите. Од продукцијата ја оправдаа оваа одлука со тоа што изјавија дека Бартон била многу разгалена, се однесувала како дива и била непрофесионална на снимањата.
Во тоа време, актерката беше позната по лудите забави со „лошите девојки“ Линдзи Лохан и Парис Хилтон, па и тоа влијаело на одлуката да ја тргнат од серијата.
М. В. | Црнобело