Времето како да запрело за нив: Како изгледаат актерите од серијата „Злобница“?
- Детали
- недела, 14 јануари 2024
Актерите од популарната мексиканска серија „Злобница“ после 14 години повторно се обединија.
Мексиканската теленовела „Злобница“ пред повеќе од две децении рушеше рекорди на гледаност кога се емитуваше на македонската телевизија.
Серијата го освои и светот, а резлутат на тоа беа бројните награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра теленовела на годината.
Главните улоги во серијата ги имаа актерите Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга.
Габриела имаше двојна улога - ги толкуваше улогите на близначките Паола и Паулина.
Паола беше злобната и богата, а Паулина - добрата и сиромашна близначка.
Фернандо го глуми богатиот сопственик Карлос Даниел, кој ја обожава својата сопруга Паола.
Поминаа 26 години од емитувањето на оваа серија, но публиката и понатаму ја памети.
На социјалните мрежи се појави фотографија од средбата на главните актери од серијата, Марсело Буке, Габриела и Фернандо, кои се немале видено 14 години.
А, времето како да запрело за нив, сите тројца изгледаат фантастично и го имаат задржано младешкиот изглед.
Погледнете како изгледале некогаш, а како денес:
Габриела Спаниќ (50)
Фернандо Колунга (57)
Шантал Андере (51)
Доминика Палета (51)
Марсело Буке (60)
Хуан Пабло Гамбоа (57)
Адриана Фонсека (44)
С. Ш. | Црнобело