Џорџ Клуни го има најубавото машко лице, по него се Бредли Купер и Бред Пит
- Детали
- четврток, 27 јули 2017
Група научници со помош на компјутерска програма ги тестираа цртите на лицето на познатите мажи со цел да утврдат кој има најскладни црти според поставеноста и големината на носот, устата, оддалеченоста помеѓу очите и слично.
Како стандард во испитувањата беше земен Грчкиот идеал за убавина наречен Golden Ratio Phi кој со илјадници години наназад се сметаше дека ја содржи формулата за совршенство. Грчкиот „златен сразмер“ е математичка равенка која се користела долги години, а денес е развиена во посебна компјутерска програма за мапирање на цртите на лицето.
На прво место на листата на мажи со најпривлечни лица се најде актерот Џорџ Клуни, со 91,86% складност на цртите на лицето. Резултати покажаа дека Џорџ Клуни има совршен сразмер на димензиите на носот и устата, како и растојанието помеѓу челото и очите.
Веднаш по него се најдоа Бредли Купер и Бред Пит.
Меѓу другите познати мажи со најсиметрични лица се и:
Хери Стајлс и Дејвид Бекам
Вил Смит и Идрис Елба
Рајан Гослинг, Зејн Малик и Џејми Фокс
М. В. | Црнобело