Први фотки од Dior венчаницата на Миранда Кер, инспирирана од Грејс Кели
- Детали
- понеделник, 17 јули 2017
Миранда Кер изгледаше како вистинска принцеза на нејзината свадба со CEO-то на Snapchat, Еван Шпигел.
Парот се венчаше во мај, во градината на нивниот дом од 11 милиони долари во Калифорнија, пред помалку од 50 најблиски гости.
За нивната свадба тогаш знаевме само некои ситни детали, а сега моделот конечно им овозможува на нејзините фанови да „ѕирнат“ во нејзиниот посебен ден, одлучувајќи се да сподели фотки во Vogue.
Таа блескаше во венчаница на Dior правена специјално за неа, дизајнирана од уметничкиот директор на брендот, Мариа Грациа Киури, а екстравагантната тиара украсена со бисери била дизајнирана од Стивен Џоунс.
Венчаницата има долги ракави и за разлика од повеќето, нејзината е без деколте – дизајн за кој Миранда вели дека бил инспириран од венчаницата на Грејс Кели во 1956-та.
„Искрено не можев ни да замислам поубава венчаница. Кога бев млада, баба ми ми кажа: Миранда, на мажите им значи изгледот. Важно е да изгледаш добро. И ја послушав.“ - изјавува таа.
Погледнете го видеото од подготовките на невестата, во кое таа изгледа како излезена од бајките:
М. М. | Црнобело