Нов имиџ: Како изгледа Еминем со брада? (фото)
- Детали
- вторник, 27 јуни 2017
Иако се работи за само една промена, раперот им е речиси непрепознатлив на фановите, па предизвика лавина од реакции и коментари на социјалните мрежи.
Американскиот рапер Еминем (44), кој близу две децении негуваше имиџ на „голобрадо и русокосо момче“, по сѐ изгледа, конечно одлучи да ги изненади обожавателите, враќајќи се на сцената со драматично променет изглед.
Иако во светот на музиката и шоу бизнисот е присутен веќе долго време, никогаш досега го немавме видено популарниот Еминем со мустаќи, ниту, пак, брада. Oтсекогаш тврдел дека сака да изгледа младолико, а од почетокот на кариерата па сѐ до денес, неговата промена низ годините беше речиси невидлива.
Но, покрај тоа што ја врати природната темна боја на косата, последите неколку дена американската музичка ѕвезда се појавува на сите настани и со уште еден изменет детаљ на себе – со брада. Откако во јавноста „испливаа“ првите фотографии на кои Еминем е небричен, неговите фанови се во шок, а многумина тврдат дека едвај го препознаваат.
По тој повод се огласи и самиот Еминем, во описот под фотографијата каде позира со уште двајца познати рапери - Др. Дре и Кендрик Ламар.
Секако, на „брадестиот“ Еминем не му требаше премногу време да стане хит и на социјалните мрежи, а со новиот изглед веќе ги подели интернет корисниците.
Едни коментираат дека делува по малку застрашувачки, на другите раперот им е секси во вакво издание, па му советуваат да си го задржи, додека има и такви кои пронајдоа инспирација за шеги на негова сметка.
Сепак, независно од тонот на реакциите, сите се согласни дека со брада, тој воопшто не личи на себе.
Што мислите вие - како ви се чини неговата промена?
М. А. | Црнобело