28 години заедно: Која е тајната на долгиот брак на Том Хенкс?
- Детали
- четврток, 13 април 2017
Том Хенкс дефинитивно е еден од оние актери кои се на врвот на листата на најдобри, не само заради многуте хит филмови, туку и заради неговата топла, харизматична личност.
Па, според неговата личност, би очекувале дека таков е и во брачна заедница - искрен, топол и едноставно допадлив.
Траењето на неговиот брак тоа и го докажува.
Тој е во брак со неговата сопруга, Рита Вилсон, веќе речиси 3 децении откако се заљубиле за време на снимањето на филмот „Volunteers“ во 1985-та година и стапиле во брак во 1988-ма година.
И самиот тој вели дека неговиот 28-годишен брак е „недопирлив“.
„Кога првпат се погледнавме еден со друг ми прелета мислата, „Еј, ова е тоа што го барам“, така и се почувствував. На крајот стапивме во брак од сите вистински причини.“ - вели Хенкс.
https://twitter.com/RitaWilson/status/633072175621140480/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.inspiremore.com%2Ftom-hanks-marriage%2F
„Животот е случка до случка и е далеку попријатен кога одиш дома кај некој кој ти се допаѓа и некој со кој се согласуваш“ - додава.
Лекција за љубовта која сите ние треба да ја научиме...
.@tomhanks came for a surprise backstage visit pic.twitter.com/EC1DLwla8C
— Rita Wilson (@RitaWilson) March 8, 2015
Н. Г. | Црнобело