Што јадат Жизел Бундшен и Том Брејди во текот на еден ден?
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2017
Кога прво ќе ги видите Жизел и Том, ќе ги категоризирате како еден од „најсовршените“ парови на планетава, почнувајќи од изгледот, до облеката која ја носат и идеално извајаното тело.
Но, ништо не си доаѓа само од себе.
Брејди-Бундшен дневното мени изгледа вака:
„80% од она што го јадат е зеленчук. Ако не е органско, не го купуваат. И секако, цели зрна - кафеав ориз, киноа, просо, грав. 20% се потпираат на месо: органски стекови, месо од патка и пилешко. А од риба, најчесто јадат лосос,“ вели личниот готвач на семејството.
„Без бел шеќер, без брашно. Без мононатриев глумат. Користам чисто маслиново масло, но никогаш не готвам со него. Готвам само со кокосово. Користам хималајска розова сол. Никогаш не користам јодирана сол. Том не јаде домати, пиперки, печурки или модри патлиџани. За доматите понекогаш може да се направи исклучок, но еднаш месечно. Многу внимавам со доматите. Може да предизвикаат инфекција. Што друго? Нема кафе. Нема кофеин. Нема габи и млечни производи. Децата јадат многу овошје. Том, не толку многу. Јаде само банани и тоа преку смутија. Во суштина, не преферира овошје.“
М. Д. | Црнобело