Запознајте ја девојката на Рафаел Надал - Чиска Перело
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2017
Неа ретко можете да ја видите на натпреварите на нејзиното момче Рафаел Надал, но кога ќе ја видите, Чиска Перело дефинитивно не останува незабележана.
Шпанската убавица овојпат не само на трибините, туку и на плажа ги вртеше погледите.
Таа заедно со нејзините пријателки Марта Торнел, сопругата на Давид Ферер и Марија Лопез, сопругата на Марк Лопез уживаше на плажата „St. Kilda“ после Australian Open.
Што знаеме за 28-годишната убавица?
Неколку факти кои треба да ги знаете за неа:
1. Таа е во врска со Надал повеќе од една деценија
Таа е заедно со надал уште од 2005-та година и заедно со неговата мајка и сестра, таа е една од трите најважни личности во неговиот живот, но ретко зборува за неа.
Изјавата на Надал за Чиска, после битка на Australian Open:
"After 10 years, finally my girlfriend gets a wildcard to come here."
???
Smooth Rafa... #AusOpen#Nadalpic.twitter.com/RK953jWZaX-->— #AusOpen (@AustralianOpen) January 23, 2017
2. Таа има завршено Бизнис Администрација во Лондон и работи за фондацијата на Надал
Порано работела за осигурителната компанија Mapfre, а денес е Проект Менаџер на Рафаел Надал Фондацијата која тој ја има основано во 2008-ма година.
3. Се запознале во родата земја, Шпанија
Перело и Надал се запознале растејќи заедно во Палма де Мајорка, каде семејствата и на двајцата моментално живеат. Перело, како и Надал, врската ја држи во приватност и избегнува да оди на неговите натпревари сметајќи дека ќе му биде повеќе пречка, отколку мотивација да победи на натпреварите.
4. Има фан страна, но не и личен Фејсбук профил
Нејзините фанови често објавуваат фотки од неа.
5. Не сака да биде позната
Парело сака да се држи на страна од публицитетот, а Надал ги почитува нејзините желби. Близок извор на парот еднаш изјавил: „Рафа и Чиска се многу срамежливи „обични“ луѓе кои сакаат да живеат нормален живот. Не се заинтересирани да бидат во центарот на вниманието, а заедно се откако ќе завршат натпреварите.“
Н. Г. | Црнобело